Терористички акт во Лион – 13 повредени

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмалку 13 лица се повредени во вчерашната експлозија на бомба во центарот на францускиот град Лион, објавија официјални лица.

Според париски „Монд“, од каде се повикуваат на извори во истрагата, повредените не се во животна опасност, а антитерористичката единица од Париз ја презела истрагата за експлозијата.

Претседателот  Макрон експлозијата ја окарактеризира како напад.

Полицијата трага по маж осомничен дека оставил велосипед со пакет бомба во близина на пекарница каде што се случи експлозијата.

Сподели.