Теодосиќ избегна сериозна повреда, ќе пропушти 20 дена

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Плејмејкерот на Виртус, Милош Теодосиќ вчера се здоби со повреда на левото колено. Српскиот кошаркар не го доигра натпреварот од Серија А против Реџо Емилија, по што го напушти теренот со помош на соиграчите.

Првичните сомневања беа дека тој е тешко повреден. Прегледот не откри сериозни оштетувања на коленото. Се очекува Србинот да се врати на теренот за 20 дена.

На 12 натпревари во италијанското првенство, Теодосиќ има просек од 10,8 поени, 2,0 скока и 7,2 асистенции по натпревар.

Сподели.