Тендер од 940 илјади евра за фирма блиска до директорот на кардиологија?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Фирмата Блуфармa за која постои сомневање дека зад истата стојат блиски луѓе на директорот на Клиниката за кардиологија, Жан Зимбаков за краток период доби неколку тендери од Клиниката, велат упатените.

-Последниот е во вредност од околу 940 илјади евра и станува збор за набавка на електростомулатори, дефибрилатори, електроди, катеретери и слично.

Но, освен ова историјата на соработка меѓу двете фирми постои во повеќе области. Минатата година во ноември на Кардиологија се одржа Меѓународна средба на која излагање имаа кардиолози од Македонија, Грција, Бугарија, Австрија.

Настанот, како што стои и на веб страната на фирмата бил организиран од производителот на производи за интервентни процедури во кардиологијата БИОТРОНИК во соработка со Блуфарма како дистрибутер на нивните производи во Македонија.

На отворањето обраќање имаа министерот за здравство Венко Филипче и Жан Зимбаков, директор на Универзитетската Клиника за Кардиологија.

Сподели.