Таравари: Што не им текна на ДУИ за ваква „платформа“ порано?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Генералниот секретар на Алијансата за Албанците експресно го отфрли предлогот на ДУИ, која преку Бујар Османи вчера предложи нова „платформа“ според која би се раководеле партиите на Албанците кога преговараат за составување на Влада.

Сублимирано, Османи предложи на изборите да настапуваат најмногу две партии или две коалиции на партии на Албанците, веројатно со цел да не се „раситнуваат“ гласовите. Понатаму, ДУИ посакува само тој што ќе победи да води преговори за формирање на влада а вториот да не се меша. На крај, се предлага опозицијата кај партиите на Албанците да дава поддршка на владејачката партија на Албанците за „стратешките линии“, а да критикува за дневно политички прашања.

Во име на Алијансата за Албанците, генералниот секретар на партијата Арбен Таравари за „Слободен печат“ саркастично вели дека ДУИ го заборавиле „шестиот столб“.

„Го слушам портпаролот на ДУИ како зборува за 5 национални столбови. Но тој го заборавил главниот столб, шестиот столб. 6-от столб на албанската национална политика е столбот на срамот, столб каде ќе се постават сликите на тие што го украдоа албанскиот глас од лидерот на неговата партија со помош на локалните банди. Ако ја украдеш слободната волја е исто како да ги уништиш сите европски демократски вредности кои се стремеж на нашиот народ“,

вели Таравари за Слободен печат.

Таравари ја прашува ДУИ зошто не им текнало порано на ваков предлог, туку баш сега. Но, потсетува и дека веќе има платформа за соработка меѓу партиите на Албанците во Македонија која ДУИ ја „заборавил“.

„Што не им текна на една ваква Платформа пред една, пет или десет години. Како е можно да заборават на декларацијата од 7 јануари 2017 години каде еден од побитните политички инструменти беше свикување на тркалезна маса на политичките парламентарни партии на Албанците кои г. Ахмети никогаш не ја свика во последните три година. Тој веќе имаше политички инструмент како најголема партија на Албанците да ги свикува за важни прашања партиите на Албанците со претставници во Собранието. Тоа не го стори ниту еднаш. Многу несериозна е ваквата понуда“,

вели Таравари за Слободен печат.

Понудата на ДУИ ја отфрлија и од Алгернатива нарекувајќи ја безвредна.

„Не прифаќаме национални платформи од човек кој краде гласови и ја краде иднината на своите сограѓани. Им врие под нозете, се плашат од денешниот протест, со кој Албанците ќе докажат пред Европската Унија дека им е украдена слободата на изразување. ДУИ не може да го докаже спротивното, бидејќи самите знаат дека ги полнеле кутиите и ги уценувале граѓаните да гласат за нив. Редно е Албанците еднаш за секогаш да застанат на стабилни нозе заедно со сите граѓани во државата, .

вели за генералниот секретар на Алтернатива, Скендер Реџепи, за „Слободен печат“.

Сподели.