Тачи: Заев телефонски ми го разјасни кажаното пред руските пранкери

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека македонскиот премиер Зоран Заев му телефонирал синоќа, со цел да ги разјасни изјавите што им ги дал на руските комичари, кои се претставиле како поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

Тачи истакна дека Заев му рекол оти бил жртва на измама, а изјавата што ја дал во врска со наводниот договор меѓу косовскиот и српскиот претседател за доделување на Србија на 10 косовски општини, била „заснована на гласини, дезинформации и податоци лансирани од Спутник и други руски гласини“.

Сподели.