СЗО: Младите сега се најголемите преносители на заразата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Порастот на бројот на луѓе кои страдаат од ковид-19 во многу држави е предизвикан од тоа што младите не водат сметка за заштитните мерки, рече директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус .

Младите луѓе честопати не носат маски, а го игнорираат правилото да се држат на оддалеченост од другите луѓе, особено кога се во барови, ноќни клубови и на плажите, пренесува „Гласот на Америка“.

– Повеќето млади имаат поблаги симптоми, но не сите – вели епидемиологот на СЗО, Марија ван Керкова, истакнувајќи дека ноќните клубови се жаришта на заразата.

Асимптоматските млади луѓе го пренесуваат вирусот на постарите луѓе, заклучуваат од СЗО.

Сподели.