СЗО ја продолжи глобалната подготвеност поради пандемија за уште три месеци

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Светската здравствена организација (СЗО) ја продолжи состојбата на глобална подготвеност за уште три месеци, како резултат на пандемија на коронарнавирус, објавено е по седницата на комисијата за итни прашања на СЗО.

Во изјавата се посочува дека е донесена едногласна одлука за проширување на состојбата за глобалната подготвеност.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус  ја прифати препораката на комитетот и ова тело најави нова проценка на состојбата за три месеци.

– Пандемијата го погодува човештвото еднаш во 100 години и ефектите ќе се почувствуваат во наредните децении – истакна Гебрејзус.

Сподели.