Светското првенство во ракомет ќе се пренесува на МРТ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонската Телевизија ги обезбеди ексклузивните терестријални права за телевизиско покривање на Светското Првенство во ракомет, коешто од 10 до 27 јануари ќе се одржи во Германија и во Данска.

-Во изминатиот период Јавниот Сервис вложи огромни напори за да остане верен придружник на македонската репрезентација на настапите на најголемите светски ракометни собири. Целта ја оствари, но успеа и во уште поважната мисија – преносите од натпреварите на нашиот национален тим и на овој значаен меѓународен настан да бидат на македонски јазик, соопштуваат од јавниот сервис.

Оттаму порачуваат љубителите на ракометот да се подготват за вистинско уживање во текот на 18-те мундијалски дена со врвен ракомет во неограничени количини на Македонската Телевизија

Сподели.