Светскиот туризам поради пандемијата е во загуба од 320 милијарди долари само до мај

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пандемијата на коронавирусот му предизвикала загуба од 320 милијарди долари на светскиот туризам за периодот од јануари до мај, во споредба со истиот период минатата година, соопшти денес Светската туристичка организација.

„Тоа е тројно поголема загуба за меѓународниот туризам отколку за време на светската економска криза во 2009 година“, оцени светската организација на Обединетите нации со седиште во Мадрид.

Бројот на меѓународни туристи од јануари до мај годинава опаднал за 56 отсто во однос на истиот период 2029 година, односно за 300 милиони туристи, наведе Светската туристичка организација.

И покрај спорото движење на туризмот, особено на северната хемисфера, „индексот на доверба кој го утврдува Светската туристичка организација е најнизок во историјата“, се укажува во соопштението.

Меѓу главните ризици за туризмот се повторното јакнење на падемијата и можноста од ширење на каратинот, како и тоа што Кина и САД се „на мртва точка“, а претходно беа главни извозници на туристи.

На почетокот на мај Светската туристичка организација предвидуваше пад на бројот на меѓународните туристи од 60 до 80 отсто за цела 2020 година, со загуба која би можела да достигне од 910 до 1.200 милијарди долари.

Агенцијата вели дека се загрозени 100 до 200 милиони работни места во туризмот низ светот.

Сподели.