Светска банка: Северна Македонија мора да запне со економските реформи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Северна Македонија треба да стави акцент на економските реформи за да го забрза процесот на интегрирање во ЕУ и да ги стабилизира јавните финансии, бидејќи политичките изглед се подобрени, објави Светската банка вчера.

Успешното решавање на спорот за името со Грција и последователното деблокирање на процесот на членство во ЕУ даваат стимул за раст и реформи, објави Светската банка во економското ажурирање за Европа и Централна Азија.

Економскиот раст се зголеми на 2,7% во 2018 година, од 0,2% во 2017 година, поттикнато од потрошувачката и нето-извозот, додека инвестициите почнаа да се обновуваат, објави банката, додавајќи дека невработеноста падна на историско ниво и притисокот за зголемување на платите продолжува.

Сподели.