Стојановска: Половина од мерните станици не работат

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Со амандманот предлагаме да се обезбедат средства во висина од милион денари за набавка и поставување на мобилна мерна станица во општина Гостивар, изјави Дафина Стојаноска, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на Комисијата за финансирање и буџет.

Стојаноска образложи дека навистина искрено жали што овој амандман не се прифати исто така како и што жали што и половина од мерните станици во државава не ни функционираат. Со исклучувањето на мерните станици во местата со најголема загаденост не се презема ништо против енормно загадениот воздух во државава.

-Треба веднаш да се приклучат сите и да се постават дополнителни, а посебно на местата со висок ризик на загадување. Само пред некоја ноќ Скопје беше 7-ми град по загаденост во светот заедно со Пекинг од Кина, и Лахоре од Пакистан, и ова е доволен показател дека СДСМ досега не презема ништо за решавање на проблемот со аерозагадувањето, посочи Стојаноска.

Сподели.