Стоилковски: Стејт департментот за разлика од Заев ја гледа корупцијата, селективната правда, партизацијата…

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

 

Посочувањата од ВМРО-ДПМНЕ за селективна правда за непостоење на право и правда во Република Македонија, како и за притисокот врз медиумите сега се дел и од извештајот на американскиот Стејт департмент за човековите права. Колку и да се обидува заевистичката матрица работите да ги прикаже светли и во демократски дух, Стејт департментот наведува корупција, селективна правда, пристрасност, притисок врз судии, партизација, како и ограничена слобода на медиумите, а се наведува и владин притисок врз новинари за таканаречена „самоцензура“.

ВМРО-ДПМНЕ постојано посочува за селективна правда, за партизација и политичко влијание врз судиите, за притисок од власта врз правосудниот систем. Правосудниот систем под Зоран Заев е партизиран, и работи под притисок на власта. Според извештај за минатата година на Стејт Департментот, во делот за правосудниот систем стои „ограничена судска независност, политизација на органот за судски надзор и несоодветно финансирање на судскиот систем, со што се попречува судското функционирање и неговата ефективност“. Вашингтон нотира и забелешки за долги процеси, пристрасност, селективна правда и притисок врз судиите!

Кога се зборува за правосудниот систем тука е и заклучокот за затворите и притворските одделенија, опишани како „сурови, нехумaни и деградирачки“.

Па почитувани, ако ова е извештајот за 2018 година, како ли ќе изгледа заклучокот на Стејт департментот за човековите права за во Македонија за оваа 2019 година?

За потсетување, нема никакво поместување, нема ништо од реформите во правосудството, политичкиот притисок врз судството е се позасилен, нема отворен ниеден случај за корупција против власта. Како ли ќе бидат наведен случајот на пример со претепувањето и обидот за линч врз поранешни министри за кој што никој ама никој не понесе одговорност а случајот се случи во притворот Скопје, како ли ќе ги оценат скандалите со корупција и непотизам кои што го минаа плафонот, безбедноста во Република Македонија е на најдолно ниво со нерешен ниеден случај за низата убиства и насилства низ градовите.

Залудно заевизмот убедува за напредок. Смешни се обидите на заевизмот да се прикаже дека Македонија бележи напредок во слободата на медиумите и судството, дека владата мотивирала независно и непристрасно судство. Во Македонија есенцијално недостасува почитување на правото и правдата, почитување на човековите права, а тоа со заевизмот е невозможно.

Правото и правната држава се основа за демократски систем, затоа на претседателските избори сигурен победник е Гордана Силјановска Давкова, победува ВМРО-ДПМНЕ, победува Честита Македонија.

Сподели.