Стефковски: Лицемерие и лажната грижа на СДСМ за граѓаните !

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Лажната грижа на СДСМ за граѓаните !

Додека Зоран Заев турка брзи избори, ние секојдневно имаме зголемен број на новозаболени од вирусот Covid-19 и за жал секојдневно броиме загубени човечки животи.
Во период кога Зоран Заев не убедува дека состојбата е под контрола и планира избори, само во последните две недели броиме 335 новозаболени и 22 жртви од корона вирусот.
Непревземањето на конкретни мерки од страна на централната власт, а особено од локалната самоуправа и градоначалникот Георгиевски за заштита на здравјето на граѓаните, допринесе Општина Гази Баба да биде на второ место по број на заболени граѓани од корона вирусот на ниво на поширокиот регион на град Скопје.
Лицемерието на Зоран Заев не го оправдуваат ниту неговите партиски функционери.
Додека Заев бара избори во период кога имаме зголемен број на новозаболени неводејки грижа за здравјето на граѓаните, неговите функционери во случајов Борис Георгиевски задоцнето апелираат за почитување на мерките, препораките и негрупирање на граѓаните.
Потенцирам само апелира но не превзема конкретни мерки за превенција, заштита и полесно стравување со пандемијата.

Логично се поставува прашањето :

– Што ќе се случи доколку имаме брзи избори во ек на пандемија ?
– Колкава ќе биде бројката на новозаболени и починати ?
– Кој ќе ја превземе одговорноста ?
– Дали Заев како давеник за сламка, сака да го ублажи поразот и со тоа да си ја спаси партиската фотеља ?

Лицемерно е секојдневно да гледаме разногласие од властите, додека едни бараат брзи избори, други апелираат на разумност, трети бараат порестриктивни мерки, четврти бараат комплетно олеснување на мерките. Граѓаните тоа го гледаат и не го одобруваат.
Во моментот здравјето на граѓаните е пред и над ‘се.
Избори ќе има кога граѓаните ќе можат слободно и непречено да си го остварат своето право на глас.
Избори на кој вистински ќе ја почувствувате силата и гневот на народот за сите лаги, манипулации и предавства што ги напрвивте.

– напиша Бобан Стефковски.

Сподели.