Состојбата во Гостивар е под контрола

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Состојбата во Гостивар е под контрола, сè уште има само еден потврден случај на коронавирус и се почитуваат препораките на Владата. Ова беше констатирано од кризниот штаб на Општина Гостивар и Врапчиште, кој донесе и други мерки и заклучоци.

– Секоја институција да инсистира на лична хигиена и физичка дистанца. Изолација и што помалку контакти со постари лица и со хронични заболувања. Исто така, институциите продолжуваат да комуницираат едни со други, со единствена цел да бидат што е можно поефикасни во настанатата ситуација, која е повеќе од сериозна, но нема простор за паника – се другите мерки и препораки за кои информираат од Општина Гостивар.

Кризниот штаб повторно се состана и денес, во 10 часот.

Сподели.