Сослкјер: Треба да се погледнеме во огледало…

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Манчестер Јунајтед претрпе пораз во својот воведен натпревар од Премиер лигата откако Кристал Палас ги надигра и со 3:1 и си замина во Лондон.

„Ѓаволите“ го одиграа еден од најслабите натпревари во последно време и сосема заслужено со наведнати глави го напуштија „Олд Трафорд“.

Сосема очекувано е во јавноста да има лавина негативни коментари за играта на клубот, но и за катастрофалната работа на трансфер пазарот, а токму тоа се реши да го коментира Солскјер по средбата со Кристал Палас.

Норвежанецот истакна дека играчите не треба да се осврнуваат на тоа што направил Манчестер Јунајтед со купување на играчи, туку да се фокусираат на теренот затоа што клубот веќе поседува добра група на фудбалери.

– Мора да се погледнеме во огледало. Дефинитивно можеме да играме многу подобро од денес. Ако ги видите играчите кои ги имавме на теренот, па и тие кои беа на клупта, мора да очекувате победа.

– Ова беше како „слободен ден“. Сите знаеме дека може да се напредува и мора да напредуваме брзо. Ваков настап не гледаме често, овие играчи можат многу повеќе од ова, -изјави Солскјер.

Сподели.