Сопругата на градоначалникот на Гевгелија Сашо Поцков, добивала тендери под притисок на сопругот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Дали Поцков вршел притисок неговата сопруга да ги зема тендерите во Општина Гевгелија?

Сопругата на градоначалникот на Гевгелија, Бети Поцкова, вработена во АД “Осигурителна полиса” – Скопје, експозитура Гевгелија, добивала тендери во јавните институции по доаѓањето на СДСМ на власт.

Бети Поцкова ги добила следниве тендери:

  • Општина Гевгелија                        Договор за осигурување на недвижен и движен имот (моторни возила и опрема) во сопственост на општина Гевгелија и колективно осигурување на вработените                                                     бр.03-380/1 од 01.03.2018  вредност 134 701 денари

 

  • ЈПКД Комуналец Гевгелија Договор за Осигурување на имот, градежни објекти, опрема, компјутерска опрема и осигурување од општа одговорност, професионална одговорност од дејност, осигурување на пари во каса и транспорт и каско осигурување на возила                                                              бр.05-773/12 од 04.06.2018    вредност 69 485 денари

 

  • ЈЗУ Општа болница –Гевгелија

Договор за осигурување на имот, опрема, компјутери, залиха, професионална одговорност, автоодговорност и каско                                                                                            бр.05-787/11 од 18.12.2017    вредност 176 408 денари

 

  • ЈЗУ Здравствен дом Гевгелија Договор за осигурување на имот и опрема                                                                                   бр.05-51/15 од 20.03.2018    вредност 86 023 денари

 

–       ЈЗУ Психијатриска болница – Негорци                                                                                                                                                                                                           Договор за осигурување на имот, автоосигурување, каско и осигурување од лекарска грешка                   бр.03-231/10 од 05.12.2017    вредност 107 380 денари

 

Градоначалникот извршил притисок и и доделил тендер на сопругата за Договорот помеѓу Општина Гевгелија и АД Осигурителна полиса Скопје за осигурување на движен и недвижен имот и колективно осигурување на вработени, каде што потпишан е раководителот на секторот за урбанизам Станка Карајанова, наместо градоначалникот Сашо Поцков

Наши извори велат и дека приватните и правни лица во општина Гевгелија, особено транспортните компании биле под огромни притисоци од градоначалникот Сашо Поцков да склучуваат договори со АД “Осигурителна полиса” – Скопје за осигурување

Наместо добро менаџирање на Општина Гевгелија, приоритет на Градоначалникот Сашо Поцков е лично богатење за него и неговите најблиски!

Општината има најслаб реализиран буџет заклучно со третиот квартал од 27,8 %, а нема ниту еден нов капитален проект или инвестиција, освен еден – цената за прочистување на отпадните води со која буквално се пљачкосуваат граѓаните на Општина Гевгелија.

Во немање време за нов проект и зафатен со лично богатење, Градоначалникот Сашо Поцков се слика на проекти започнати во време на ВМРО – ДПМНЕ.

Сподели.