Сон најдобар стрелец

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Ѕвездата на Тотенхем, Сон Хеунг-мин, ја искористи паузата во англиското фудбалско првенство поради кризата со коронавирусот за да отслужи воен рок во својата татковина Јужна Кореја.

Тој комплетираше тринеделна воена обука и притоа освои награда за најдобри перформанси. Официјални лица од армијата кажаа дека 27-годишниот Сон имал најдобри резултати во пукање меѓу 157-темина регрути.

Сите јужнокорејски мажи имаат обврска да одат во војска до 28-годишна возраст. Сепак, откако ја предводеше репрезентацијата на Јужна Кореја до триумф на Азиските игри во 2018, Сон беше поштеден од задолжителниот воен рок од 21 месец.

Обуката на Сон на островот Џеџу се состоела од совладување разни борбени вештини, како пукање, користење бајонет, прва помош и хемиско-биолошко-радиолошки тренинг.

Сподели.