Собраниски пазар за уставните измени: Глас за министерско столче

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Пратеничка која е дел од владеачката коалиција барала да добие министерско место во замена за нејзиниот глас за уставните измени. “Ќе разберевме ако не гласа од национални побуди но не и поради лукративни причини”, велат извори во владеачката коалиција кои се разочарани што дел од пратениците се обидуваат да остварат лична или теснопартиска добивка во исклучително важните моменти за Македонија.

Според неофицијалните информации пратеничката барала да го добие министерското место во Екологија, ресор каде што владата добива огромни критики во Јавноста. Со цел да поминат уставните измени начелно во ДУИ се подготвени да го отстапат ова министерско место во замена со некое друго кое сега го држи CДСM. Доколку СДCM се откаже од МВР во ДУИ се подготвени веднаш да пружат рака за “цесија на министерски места” за да поминат полесно уставните промени.

 

Сподели.