Собранието ја разреши Мизрахи!

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Собранието ја разреши министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи. По речиси шест часовна расправа во десетина минути пред 4 часот, пратениците со 62 гласа „за“ и 26 „против“ ја разрешија министерката. Таа по предлог на ВМРО-ДПМНЕ, на 3 јануари годинава стана дел од техничката влада која треба да организира и да спроведе избори.

Разрешувањето на министерката уследи откако премиерот Оливер Спасовски достави до Собранието предлог за разрешување на Мизрахи, затоа што министерката неколкупати се појави на прес-конференција во МТСП пред табла со името „Република Македонија“.

Сподели.