Снимката за Богоевски излезе само еден ден откако тој го нападна Заев!

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Богоевски пред два дена на 24 Телевизија се обрати во контекст на инаугурацијата на претседателот Пендаровски и констатираше дека треба да се промени протоколот за присуство на овој настан, затоа што во самиот говор претседателот говорел со посебен нагласок на опозицијата и обедувачката компонетна во контекст на опозоцијата.

-Мислам дека некој број на лица треба да бидат отстранети од листата и да бидат ставени некои други луѓе кои би било многу посоодветно да присуствуваат на воков тип на настани. – кажа Богоевски.

Тој рече дека во однос на присуството на премиерот немало да коментира многу. Боговски смета дека причините биле оправдани, но сепак Заев требало да присуствува.

Еден ден откако пратеникот го нападна премиерот на руската социјална мрежа ВК, на каналот Илија Громовник, беше објавена снимка како тој нарачува, најверојатно кокаин.

На каналот Илија Громовник до сега се објавуваа прислушувани разговори само за луѓе од СДСМ како Радмила Шекеринска, Дамјан Манчевски, Бранко Црвенковски, Наташа Савова и Оливер Спасовски. Ова отвора сомнеж дека некој од партијата пушта “бомби” за да се пресметува со партиската конкуренција.

Сподели. Twitter Facebook Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr Email