Снимателот на МРТ Шенол Ахмети ја загуби битката со ковид-19

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Долгогодишниот снимател во албанската редакција на Македонската радио телевизија, Шенол Ахмети, вчеравечер ја загуби битката со ковид-19. Тој бил хоспитализиран минатата недела, а состојбата рапидно се влошила последните неколку дена поради што бил приклучен на респиратор.

Ахмети имаше 51 година, а неговите колега велат дека претходно немал сериозни здравствени проблеми. На социјалните мрежи пријателите се збогуваат од човекот кој својата кариера ја посвети на МРТВ, каде што работеше повеќе од 20 години.

Вечева и ние изгубивме еден колега, еден член од нашето семејство, велат од МРТ.

Сподели.