Снимањето на „Бетмен“ прекинато по позитивниот тест на Роберт Патинсон

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Снимањето на филмот „Бетмен“ повторно е прекинато откако е потврдено дека Роберт Патинсон е позитивен на тест на коронавирус. Снимањето кое почнало во Глазгов, Шкотска, претходно беше прекинато поради пандемијата.

За само четири дена откако продолжи снимањето во студио близу Лондон, тоа е повторно прекинато, но сега поради позитивниот тест на коронавирус на Патинсон, пренесува „BBC“ повикувајќи се на американски медиуми.

Портпаролот на продукциската куќа „Ворнер Брос“ потврди дека снимањето на „Бетмен“ е привремено запрено и оти „еден член на тимот“ е во самоизолација, во согласност со утврдените протоколи, но не откри за кого станува збор.

Премиерата на филмот „Бетмен“ првично беше закажана за јуни 2021 година, но е поместена за 1 октомври 2021 година.

Сподели.