Словачка: Чапутова убедливо води, во вториот круг со Шефчович

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Кандидатката на либералната партија „Прогресивна Словачка“, Зузана Чапутова, која ја критикува политиката на актуелната Влада, го освои со голема предност првото место на вчера одржаниот прв круг од претседателските избори во Словачка, покажуваат резултатите по преброени 99,88 отсто од гласовите.

Екоактивистката, која тврди дека граѓаните сакаат промена, освои 40,55 отсто од гласовите, а на второ место со 18,66 проценти се наоѓа 52-годишниот Марош Шефчович, потпретседател на Европската комисија, кој е поддржан од владејачката партија „Смер-социјална демократија“ (СМЕР-СД).

Излезноста на вчерашните избори изнесувала 48,73 отсто.

Четириесет и пет годишната Чапутова им се заблагодари на сите словачки граѓани кои излегоа на изборите, која освен на словачки се обрати и на сите јазици на националните малцинства во земјата.

Сподели.