Скопјанка малтретирана и силувана од бившиот љубовник

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Рано утринава во 04,00 часот било пријавено дека жена од Скопје била малтретирана и силувана.

Имено во Единицата за известување и команда Скопје, било пријавено дека во стан на улица „Владимир Комаров“ во Скопје, 49- годишната Л.Ј била малтретирана и врз неа била извршена обљуба од страна на 39- годишниот С.Б од Босна и Херцеговина, со кого претходно биле во врска што таа не сакала да ја продолжи.

С.Б. е приведен во полициска станица.

Сподели.