Скокнал од камион кој излетал од патот и тешко се повредил

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На 14.11.2019 во 14.40 часот во Полициската станица Крива Паланка било пријавено дека во Итната медицинска помош со повреди бил донесен Г.Л.(43) од Куманово. Според пријавеното, на патот во изградба с.Т’лминци – с.Градец, кај место викано „Крстата падина’’, Г.Л. изгубил контрола над товарното моторно возило „ман“, со скопски регистарски ознаки, при што скокнал од возилото и се здобил со тешки телесни повреди. За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Крива Паланка.

 

Сподели.