Скандалозните одлуки и однесувањето на Еди Рама ја влечат и Македонија во бездна!?

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Чудни работи се случуваат во соседна Албанија. Претседателот Илир Мета достави до владата на Еди Рама декрет со кој налага да се одложат локалните избори. Причина е сомнежот кој  го има Претседателот за тоа колку е Рама способен да организира фер и демократски избори. Рама го отфрли декретот и оди на избори. Во една изјава тој му порача на Претседателот Мета дека со ова тој самиот си пресудил и му завршила кариерата.

Опозицијата во Албанија жесто протестираше против криминалното владеење на Еди Рама и неговите блиски луѓе. Неколку големи скандали ја разнишаа позицијата на владата.

Еден од нив беше и дека министерот за внатрешни работи кој ја контролира полиција е вмешан во трговија на дрога, исто така веќе подолго време во Албанија нема Уставен суд кој може да ја контролира работата на Владата на Рама. Како што тврдат нашите извори, ветингот кој беше спроведен од власта, вроди со плод во корист на Рама. Тој ги отстранил сите судии кои не биле негови истомисленици. Љурзим Баша во неколку наврати ја докажуваше поврзаноста на Еди Рама со криминални организации ширум Европа, а најмногу во Албанија. Тие обвинувања ги потврдија и од Европската Комисија, така што Албанија како образложение за недобивање датум го доби тоа што власта е длабоко вмешана во криминални структури и криминалот во Албанија го достигнал својот ,,врв”.

Скандалозната одлука на Рама да не го почитува декретот на претседателот за локалните избори само ја уназади Албанија во очите на Европа. Ако знаеме дека Албанија и Македонија одат во пакет при датумот за преговори со ЕУ, доаѓаме до фактот дека одлуката на Рама, воедно куќен пријател на македонскиот премиер Заев, ја кочи и Македонија во нејзините ЕУ интеграции.

Останува да се запрашаме…. Дали блиската соработка на Заев и Рама ќе се одрази на одлуката на Европската Комисија при разгледување на статусот на Македонија?Дали ако оваа соработка се продлабочува и негува и понатака, Македонија ќе биде се подалеку од толку посакуваниот датум?

 

 

Сподели.