Скандал во малдинската школа на ФК Пелистер! (ФОТО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

🔥🔥🔥

За хаосот кој се случува во школата на Фк Пелистер и загриженоста кај сите нас, на својот Фејсбук профил, се огласи и поранешниот играч на Пелистер и репрезентативец на Македонија воедно и долгогодишен тренер во школата на Фк Пелистер, Дејви Главевски го напиша следново:
,,,Сакам да објавам во името на нашите љубители на Фк Пелистер кој се разочарани од резултатите на клубот и школата. Клубот беше клуб со респект и почитување во Југословенските простори, не само во Македонија. Сакам на кратко да кажам за сегашната ситуација во школата со доаѓањето на ова управа и спортскиот директор Пеце Коруновски, кој воедно е и координатор на младинската школа, кој за жал ја уништи истата. Пеце Коруновски кој тргна по постапките на неговиот ментор Лазе Гаштаров, кој исто така го интересираат само организирање на припреми и продавање на опрема. Сакам и двата јавно да ве запрашам кои достигнувања ги имате како играчи, кој играчи ги направивте пошто и двата сте дел од Фудбалската Академија на ФФМ?Од каде за вас место во ФФМ? Што сте направиле за македонскиот фудбал?
Како можи толку долго време ФФМ да ве толелира? Дел од овие прашања ги упаќам и до управата на клубот, која за жал ја нема. Уште сакам да запрашам, како можи Коруновски да продава тренерки во младинската школа по цена од 100€, а истите коштаат само 60 евра, а потеклото на истите е од Грција? Како се истите внесени во Македонија и на кој премин се донесени околу 150 рала тренерки? Исто така претходно беа нарачувани тренерки од Прилеп, а истите изнесуваа 2.000 денари, а на децата им беа продавани за 4.000 денари, а за овај криминал соодветно до надлежните институции ќе поднесам кривична пријава и ова рекетирање ќе заврши еднаш за секогаш. Исто така сакам да напоменам дека мене не ми се исплатени последните четири плати и дека родителите членарината ја плаќаа на рака. Спортски поздрав”.

Иако до сега не сме имале практика да ги пренесуваме изјавите за поранешни или сегашни тренери во школата, сепак после вакви сериозни обвинувања и ‘рекетирања’, се решивме на ваков потег, секако треба да се слушни и другата страна, а ние во најкус рок ќе обезбедиме информации од родителите и децата во школата, како и веродостојноста на овие обвинувања на сметка на сегашниот спортски директор, координатор, тренер на голмани и тренер во фудбалската академија на ФФМ, Пеце Коруновски.

Security Check

null

Сподели.