СКАНДАЛ: Исчезнале 333 грла заштитен дивеч од ловиштето „Осогово“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во рок од три години од ловиштето „Осогово“ во Кочани, кое е дел од ЈП „Македонски шуми“ исчезнале 333 грла заштитен дивеч, покажа пописот на комисијата на шумското стопанство „Осогово“ во Кочани. Штетата што е направена на оваа ловиште е во периодот од 2015 до 2018 година, а изнесува 1.840.000 евра.

Токму поради негрижата за дивечот 53 годишен раководител на ловиштето „Осогово“ во Кочани денеска и заработи и кривична пријава, заради несовесно работење. Портапролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова вели дека во кривичната пријава стои дека раководителот поради пропуштање на должен надзор несовесно постапил во извршување на своите овластувања и должности, поради што дошло до значително намалување на бројната состојба на заштитениот дивеч во ловиштето.

– Со непреземање на должните дејствија, односно непреземање на потребните мерки за заштита и одгледување на дивечот во ловиштето, постапил спротивно на Законот за ловство, поради што дошло до намалување на 333 грла на заштитен дивеч, утврдено од страна на пописна Комисија на шумското стопанство Осогово, вели Панајотова

Сподели.