СКАНДАЛ: Градоначалникот Борјанчо Мицевски на својот сопартиец му доделил тендер од 133.000 евра (ФОТО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

БРУСЕЊЕ!

Градоначалникот Борјанчо Мицевски на својот сопартиец и очигледно бизнис партнер му доделил тендер за набавка на тезги за градскиот пазар во висина од 8,199,466.00 денари или околу 133.000 евра!
Додека ги повикуваат граѓаните да скенираат фискални сметки и притоа средствата да ги донираат, а дополнително на тоа овие ,,големи душегрижници” се прикажуваат како донираат дел од својата плата и прехрабрени пакети во руралните средини што всушност претставува класичен изборен подкуп, зад ,,хуманиот параван” добро профитираат!

Притоа вреди да се напомене дека партнерот на Борјанчо Мицевски беше вработен и како наставник по физичко образование во едно основно училиште, по што пред извесно време напушти, дали од малата наставничка плата?
Очигледно е дека МВР и истражните органи ќе имаат многу работа во наредниот период!

– стои во статусот на ОК Крива Паланка.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Крива Паланка

БРУСЕЊЕ! Градоначалникот Борјанчо Мицевски на својот сопартиец и оч… игледно бизнис партнер му доделил тендер за набавка на тезги за градскиот пазар во висина од 8,199,466.00 денари или околу 133.000 евра!

Сподели.