Скандал: Филипче си ангажирал пет луѓе во својот кабинет за да се рекламира пред јавноста (ФОТО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во ек на пандемија КОВИД – 19, министерот за здравство Венко Филипче наместо да работи за намалување на црниот биланс на заболени и починати во државата, тој си ангажира пет луѓе во својот кабинет за да се рекламира во јавноста, објавува Курир.

Кога државата е во економска криза, министерот има ангажирано пет лица лица кои ќе треба да формираат розова слика за него во јавноста, за да се сокрие неговото потфрлање со корона вирусот.

Во документот може да се види дека Филипче освен што пет лица работат на негов маркетинг, тој дава и насоки како да се испромовира, да се сокрие неговата (не)работа.

Лицата од неговиот кабинет имаат задача од здравствените институции да соберат информации за евентуално завршени проекти и активности, за планирани активности во блиска иднина, инфорамција од здравствените институции за реализирани вработувања во последните три години, како и да соберат податоци за сите поединечни успешни приказни од пациенти. Оттука се гледа дека тој наместо насоки и менаџирање на здравтевните институции тој од нив бара информации за да се пофали, пишува Курир.

Додека на министерот приоритет му е да се залага повеќе за својата слика во јавноста, Македонија се наоѓа на врвот по починати и заболени лица од КОВИД-19. Македонија брои над 600-тини смртни случаи и околу 16.000 активни случаи, иако уверуваше дека во државата ќе има само до 2.000 активни случаи.

Сподели.