Скандал: Филипче набавува нови мамографи за двојно поскапа цена од претходно

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Во документ кој неодамна беше анонимно оставен во нашата редакција се наведува дека Министерството за здравство на Македонија врши набавка на нови мамографи за потребите на јавните здравствени установи во република Македонија. Интересно е тоа што во дописот се бара измена на техничката спецификација за набавка на седум (7) нови мамографи 2Д и еден (1) мамограф 3Д, истите во вредност од 85.000.000,00 милиони денари.

Министерството за здравство побарало оваа набавка да биде изреализирана, при што се прибираат веќе понуди за истата. Компанијата која ја добавува опремата посочува дека во 2015-тата година република Македонија направила иста ваква набавка, но во вредност од 35.000.000,00 милиони денари за набавка на 6 (шест) мамографи, што во просек би изнесувало 5.833.000,00 милиони денари. За разлика од сега кога оваа набавка на МЗ според добавувачот изнесува во просек 10.625.000,00 милиони денари, што е двојно повеќе од набавката претходно.

Добавувачот посочува дека свесни се за развојот на технологијата и дека државата се стреми да ги прати светските трендови, но нереално и несватливо за нив е да се оди со двојно повисока цена во нам добро познатите економски услови во кои се наоѓа државата во моментот. Зошто?

Испораката и инсталацијата на опрема со прекумерно висока цена во руинирани установи кои министерството не ги одржува, во установи со проблематични услови на работење и немање доволно соодветен кадар за да се обучи и да ги ракува овие машини, е недомаќинско и економски неоправдано работење на државата во која треба власта премногу одговорно да се однесува кон пациентите, но и кон сите граѓани на Македонија со оглед на тоа дека набавката на мамографите ќе се спроведе со средства од буџетот на република Македонија.

При разгледување на тендерската документација за набавка на апаратот, станува збор за мамограф 3Д кој треба да го исполнува условот на „Континуирано Sync and Shoot“ снимање, како услов за набавка на истиот. Таков апарат може да испорача само една компанија. Доколку се побара на интернет ќе се види дека станува збор за  апарат кој поседува уникатна карактеристика која неможе да ја обезбедат другите добавувачи на оваа набавка. Со што во старт се прави селекција на тоа кој ќе го добави апаратот и со тоа во старт се става добавувачот во позиција на играч на власта во некаква прљава зделка.

Поради ваквите игри, од министерството за здравство и воедно од министерот, г-нот Венко Филипче добавувачот компанија на мамографите бара објаснување на постапките при оваа набавка. Се посочува дека постојат производители во светот кои имаат модели од овој или сличен тип на опрема која сосема во целост ќе ги задоволи вашите барања а при тоа ќе ве чини неколкукратно помалку. Зошто се одлучувате на ваков чекор?

Поради сите погоре изнесени причини, добавувачот бара измена на техничката спецификација за двата дела, бидејќи тоа не одговара поради неколку причини на нашата држава и на економската состојба во која се наоѓа во моментот. Воедно истиот се нуди да помогне во креирање на спецификација која ќе ги задоволи барањата на стручниот и медицинскиот кадар како и на пациентите, а воедно нема да биде оптоварување на веќе кревкиот буџет на Македонија. Со самото тоа компанијата добавувач сака да се иземе себеси од импликација и раѓање на сомнежи во набавка на предмети кои се слични на тие набавени во минатото неодамна.

Сподели.