Сјарто: Европа мора да го зачува “Христијанското наследство“, санкциите против Будимпешта ќе паднат

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Според унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сјарто, ЕУ нема да успее да наметне санкции против Будимпешта. Тој исто така истакна дека Унгарија се залага за силни земји-членки на сојузот кои го задржуваат своето “христијанско наследство“.

Нарекувајќи го гласањето “одлука донесена со мамење“, Сјарто смета дека секоја “политичка намера“ на ЕУ да наметне санкции против Унгарија ќе биде неуспешна, бидејќи бара едногласна поддршка на сите земји-членки на Унијата.

“Полска веќе најави вето на секој вид на таква одлука“, изјави Сјарто, мислејќи на посебната постапка од член 7 поднесена против Варшава. “Премиерот на Чешка стави јасно до знаење дека стои рамо до рамо со нашиот премиер“, додаде тој.

Како и да е, иако разлика во мислењето помеѓу анти-миграциските и промиграциските фракции во ЕУ нема да ја снема за брзо време, Сјарто не гледа дека тоа ќе придонесе Унгарија да ја напушти Унијата, изјавувајќи: “Нашиот интерес е да имаме силна Европска унија“.

“Ние не сакаме да се откажеме од нашата националност, нашата култура и нашето наследство  кое е многу вредно. Значи, постои голем судир помеѓу оние кои сакаат да ја видат Европската унија како постхристијанска и постнационална и ние, кои сакаме да ја видиме Европа како христијански континент базиран на силни земји-членки. “

Сподели.