Сите се негативни

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Откако бугарскиот тенисер Григор Димитров, кој учествуваше на турнирот „Адрија Тур“ во Задар потврди дека е позитивен на Ковид 19, преостанатите учесници веднаш беа тестирани по што беше и потврдено дека има уште тројца позитивни меѓу кои и првиот рекет на Хрватска, Борна Чориќ.

За разлика од светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, кој беше организатор на турнирот и кој се врати во Белград, дваесетина членови на нивниот тим беа тестирани во Задар и тоа на нивно барање со цел да можат да отпатуваат, потврдија задарските епидемиолози.

  • Добивме 26 тестирани примероци и сите се негативни, изјави началникот на задарската жупанија Симе Вицковиќ и додаде дека очекуваат да бидат тестирани уште 30 – луѓе.

Борна Чориќ го напуштил Задар и заминал во Загреб, а преостанатите двајца се сместени во соба каде што биле додека го играле турнирот, се чека да им се организира превоз до дома.

На прашањето дали ситуацијата е алрмантна, Вицковиќ вели:

  • Според зборовите на епидемиолозите, состојбата не е толку алармантна, но треба да бидеме претпазливи и да се фати контролата. Затоа сите го направија или ќе го направат тестирањето, а по извештајот на државниот инспекторат ќе видиме во која насока ќе оди целиот случај, истакна Вицковиќ и на Задраните им порача:
  • Да бидеме мирни, се зависи од нас, никој не не тераше да се бакнуваме и гушкаме. Според зборовите на епидемиолозите, оние кои беа на трибините, најверојатно нема да бидат заразени. Само оние кои беа во непосреден контакт со играчите.
Сподели.