Синот на Марина Туцаковиќ донесе важна одлука неколку часа пред нејзиниот погреб– помогнете ми да издржам уште денеска и… (ФОТО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Текстописецот Марина Туцаковиќ денеска во 12:30 часот ќе биде погребана на новите гробишта во Белград како што и самата сакаше тоа да и биде последната желба.

Имено последната желба на Туцаковиќ била да биде погребана до својот син Милош, а да не биде погребана во Алејата на заслужните граѓани.

Нејзиниот син Милан Лача Радуловиќ, пак утрово рано се огласи на Твитер со потресни зборови:

-Дојде и тој ден, по 10 дена исчекување кога со татко ми и најблиските ќе ја испратиме мојата мајка до она место до кое кога тогаш сите ќе се преселиме. Ви благодарам на поддршката и молитвите, грижата и трудот мене и на тато да ни ја олесните оваа мачнина и неизбежна реалност, напиша Радуловиќ.

Тој додаде дека по погребот ќе се изолира од јавноста додека не пројдат деновите на жалост, а тоа и таа би го направила, алудирајќи на својата мајка.

Инаку познатиот српски хитмејкер почина на 19 септември на 67 годишна возраст после долгата болест со ракот.

Сподели.