Силекс ќе игра во ЛШ, Шкендија, Ренова и Шкупи во ЛЕ!

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Кратовски Силекс профитира од недобиената евролиценца на Вардар и ќе игра во квалификациите за Лигата на шампионите, донесе одлука Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Вардар беше лидер, арно ама поради финансиски проблеми нема да игра во елитата. Нивното место ќе го добие кратовски Силекс, кој ќе има и добра финансиска заработка од настапите во еврокуповите.

Ако не помине коло во Лигата на шампионите, Силекс ќе патува во квалификациите за Лига Европа, што значи дека го чекаат два европски меча.

Во квалификациите за Лигата на Европа, пак, патуваат Шкендија, Ренова и Шкупи. Шкупи го доби местото во Европа пред Македонија ЃП, по актуелната табела. Меѓусебните дуели се бројат само на завршено првенство во целост.

„Поради прекин на Куп натпреварувањето и неможноста да се добие победник во Купот на Македонија, правото на Куп победникот за натпреварување во Лига на Европа, согласно УЕФА правилата, се пренесува на последователното најдобро рангираната екипа во првенството која не остварила пласман за УЕФА. Комисијата за натпреварување констатираше, а Управниот одбор на ФФМ го прифати предлогот дека последователно најдобро рангирана екипа во првенството по одиграно 23 коло на замрзнатата табела од ПМФЛ е петто пласираната екипа, односно екипата на Шкупи, која се стекнува со право на настап во Лига на Европа“, се вели во соопштението на Фудбалската федерација на Македонија.

Комисиите вчера донесоа одлука дека се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:

1.  ФК Академија Пандев АД – Струмица
2.  ФК Македонија ЃП 1932 АД – Скопје
3.  ФК Работнички АД – Скопје
4.  ФК Ренова АД – сelo Џепчиште
5.  ФК Силекс АД – Кратово
6.  ФК Шкендија АД – Тетово
7.  ФК Шкупи 1927 АД – Скопје

Комисиите донесоа одлука дека не се издава лиценца за учество во УЕФА клупски натпреварувања во сезона 2020/21 на клубовите:

1.  ФК Брегалница 2008 АД – Штип
2.  ФК Борец 1919 АД – Велес
3.  ФК Вардар АД – Скопје
4.  ФК Струга Трим Љум АД – Струга

ИЗВОР: гол.мк

Сподели.