Швајнштајгер се збогува од фудбалот

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Бастијан Швајнштајгер ја објави својата одлука. Дојде време  да ја завршам својата кариера. Им се заблагодарувам на Баерн, Манчестер Јунајтед и Чикаго, како и на репрезентацијата на Германија за мојата кариера.

Последен клуб во кој настапуваше е Чикаго Фајер каде дојде во 2017 година од редовите на Манчестер Јунајтед. Претходно настапуваше за Баерн Минхен цели 13 сезони.Со Баерн освои 8 титули во Германија и една во Лига шампиони.

За репрезентацијата на Германија настапи 121 пат,а во 2014 година стана светски шампион на Мундијалот во Бразил.

Сподели.