Шпетим Положани: Не се логични и не држат оправдувањата на СДСМ за укинување на лустрацијата

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Политичкиот затвореник од времето на комунизмот, Шпетим Положани, смета дека тврдењата и оправдувањата на СДСМ за поништување на лустрацијата не се логични и не држат, затоа што смета тој, воден од пристапот на Комисијата за лустрација, нејзините изјави а и од материјалните докази кои таа ги презентираше, јасно се порврдува дека меѓу лустрираните лица имаше соработници на тајните служби.

Дебатирајќи во емисијата “Отворено студио“ на телевизија Шења, Положани истакна дека нема основ овие лица да бидат обештетени. Тој отиде до таму што додаде, дека ако некој требаше да биде лустриран, тогаш тоа се луѓето на СДСМ, затоа што меѓу другото, тие се тие кои ја направиле и криминалната приватизација.

– Ова образложение не ми изгледа логично, и не држи вода тезата да се создаде сега клима за да се обештетат оние кои се жртви на лустрацијата. Меѓу нив сигурно имаше и соработници, затоа што комисијата има добар пристап а и до изјавите и од другите средства што потврдуваат едно такво нешто. Како и да е, ако некој требаше да се лустрира, тоа се луѓето на СДСМ, затоа што тие ја направија криминалната приватизација, ги создадоа своите тајкуни и овие на некој начин, ги создадоа и најголемите проблемни, воглавно на Аалбанците, во последните декади. Така што не држи, според мене, воопшто ова образложение, констатираше Шпетим Положани.

Тој, меѓу другото, истакна дека лутрацијата требало да се случи многу порано и дека требало да ги опфати и македонските тајни служби и дека сите оние кои би биле детектирани за соработници на службите требаше да бидат исчистени од секторите во кои што делуваат. Положани како пример ја даде Германија, која уште во првата година по падот на комунизмот направи лустрација и дека само од образовниот процес биле отсранети 17 илјади лица поради тоа што биле соработници на службите.

Сподели.