ШОК ЗА АНГЛИЧАНИТЕ: Украинецот Усик го „претепа“ Џошуа среде Лондон и стана светски првак (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Боксерскиот спектакл на стадионот на Тотенхем во Лондон, помеѓу шампионот, Британецот Ентони Џошуа и предизвикувачот Олександар Усик од Украина заврши со сензационална победа на Украинецот.

34-годишниот Усик го победи домашниот боксер пред 70.000 Англичани, во спектакуларна борба, во која тој доминираше во поголемиот дел од времето. Победата дојде со судиска одлука по дванаесет рунди. Џошуа ги бранеше титулите во тешка категорија според верзиите на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО против украинскиот борец. Тоа беше судир помеѓу двајца поранешни олимписки шампиони.

Во последната борба во декември 2020 година, Џошуа ги одбрани титулите во тешка категорија, победувајќи го бугарскиот боксер Кубрат Пулев. Тоа беше негова 24-та победа во кариерата, од кои 22 со нокаут.

Сепак, вечерва налета на Усик, кој во својата професионална кариера оствари 18 победи во исто толку борби, а 13 од нив беа со нокаут. Но, само последните две победи, против Американецот Чаз Витерспун (2019) и Британецот Дерек Чисора (2020), ги оствари во тешка категорија, а со последната го доби статусот на првиот предизвикувач на Ентони Џошуа.

 

 

 

Сподели.