Шерон Стоун: Ми рече да ги соблечам гаќите, се согласив (ВИДЕО)

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На доделувањето на наградите на магазинот „ЏиКју“ во Берлин, Шерон Стоун неодамна го рекреирала славното прекрстување на нозете од филмот „Основен инстинкт“ снимен во 1992 година.

Откако ја примила наградата за жена на годината, Шерон седнала на стол на сцената за да одржи говор пред публиката во која бил и нејзиниот 19-годишен син Роан Бронштајн.

– Пред неколку години, јас седев на сцената, а режисерот ми рече да ги соблечам гаќичките бидејќи во таа сцена не би требало да ги носам и бидејќи се гледаат. Се согласив. Не знаев дека тој момент ќе ми го промени животот – споделила таа со публиката како пред 27 години настанала познатата сцена.

Интересно е тоа што Шерон не била првиот избор за улогата на заводничка во „Основен инстинкт“.

За време на интервјуто за „Тудеј“, Мишел Фајфер се присетила на улогите што ги одбила во текот на нејзината кариера, а кои потоа ги прославиле другите актерки.
Иако на почетокот не сакала да зборува за тоа, кога водителката ги спомнала филмовите „Основен инстинкт“, „Убава жена“ и „Телма и Луиз“, Мишел признала дека ѝ ги понудиле сите тие улоги.

– Вистина е, јас ги одбив тие улоги, но има бројни причини зошто одбивате некој проект, не е само затоа што не сакате да го направите тоа. Понекогаш постои конфликт, понекогаш веќе сте се обврзале на некој друг – рече Мишел.

Сподели.