„Шамар“ од Бугарија: Македонски јазик не постои, ќе го блокираме приемот на Македонија во НАТО и во ЕУ

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Македонија нема да може да стане член на Европската Унија (ЕУ) и на НАТО, ако него прифати ставот на Бугарија за историските прашања кои предизвикуваат контроверзи во двете држави, рекол во своја изјава за ТВ „Европа“, Красимир Каракачанов, министер за одбрана на Бугарија, пренесува српскиот весник „Вечерње Новости“.

Според него, Бугарија ви требала цврсто да се држи до својот став во однос на историските прашања, и да се повлече од поддршката за европските интеграции на својот сосед, ако државите не би можеле да се договорат во рамките на специјално формираните бугарско-македонски комисии.

„Ако сакате да бидете дел од ЕУ, никој не ви брани да бидете Македонци. Ако сакате да верувате во утопија дека Александар Македонски е ваш предок, тоа е ваша работа, но не можете да ја фалсификувате историјата“, потенцирал бугарскиот министер.

Каракачанов повеќепати изјавуваше дека Бугарија ќе го блокира пристапот на Македонија во Европската унија и во НАТО, ако македонскиот премиер Зоран Заев „продолжи да тврди дека постои Македонски јазик“.

Тој и претходно изразуваше негодување поради инсистирањето на Скопје на македонското потекло на револуционерот Гоце Делчев, како и поради неодамнешниот предлог на Македонија за заеднчика прослава на овој национален херој на 7 октомври, денот кога СОфија ги предала неговите посмртни останки на Македонија.

„За мене тој предлог е отворено омаловажување кое го поткопува процесот на подобрување на односите меѓу нашите земји“, вели Каракачанов.

Сподели.