Септемвриски коњички турнир во Скопје

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Федерацијата за коњички спортови на Македонија и коњичкиот клуб Процес од Скопје, според планот на натпреварувања, денеска, со почеток во 9 часот, на теренот на клубот во Маџари, што се наоѓа веднаш до полициската станица за дресура на службени кучиња, ќе ги одржи Септемврискиот коњички турнир и второто коло од Отвореното првенство на Македонија во прескокнување пречки за 2020 година. На програмата се четири натпревари во прескокнување пречки во класите А, Б, Ц и Д, со височина на пречките од 85 см до 1,15 м.

Сподели.