Седница на Собранието за разрешување на Мизрахи

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска во 15 часот закажа седница за предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи.

Нејзино разрешување побара техничкиот премиер Оливер Спасовски, со образложение дека Мизрахи го крши Уставот со тоа што не го почитува уставното име и во јавноста.

Денеска во11 часот во Собранието ќе се расправа и за законот за јавното обвинителство, откако вчерашната седница беше прекината.

Во недела во 12 часот треба да се гласа за одлуката за распуштање на Собранието.

Сподели.