Се запали возило полно со изборен материјал

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Возило форд транзит со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 35-годишниот гостиварец Ф.А., се запалило во движење во непосредна близина на наплатната станица Тетово, потврди за МКД.мк портпаролот на СВР Тетово, Маријан Јосифовски. Според него, во возилото се наоѓале петмина членови на Општинската изборна комисија Гостивар, кои го превезувале избирачкиот материјал во Скопје. Во пожарот кој според првичните информации настанал од техничка неисправност на возилото нема ниту повредени, ниту е оштетен изборниот материјал.

„Денеска во 4 часот и 30 минути, во СВР Тетово e пријавено дека моторно возило ‘форд транзит’ со гостиварски регистарски ознаки, што го управувал 35-годишниот гостиварец Ф.А., се запалило во движење во непосредна близина на наплатната станица Тетово. Во возилото се наоѓале петмина членови на Општинската изборна комисија Гостивар, кои го превезувале избирачкиот материјал во Скопје. Материјалот воопшто не бил оштетен и бил префрлен во друго возило и испратен во Државната изборна комисија”, соопшти Јосифовски.

На местото е извршен увид, а патот на челновите на Општинската изборна комисија Гостивар, кои го превезувале избирачкиот материјал до Скопје е продолжен со друго возило.

Изборниот материјал е транспортиран до Државната изборна комисија.

Сподели.