Се обрати Филипче по рекордните 22 починати лица за само 24 часа

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

На социјалната мрежа Фејсбук се обрати министерот за здравство, Венко Филипче по рекордниот број на починати лица, дури 22 за само 24 часа. „Денеска за жал, имаме досега најголем број на починати, 22 пациенти ја изгубија битката со Ковид-19. Регистрираме рекордни 30% позитивни од тестирани лица, а речиси 600 пациенти се хоспитализирани на инфективните одделенија во земјата. Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен“, напиша Филипче.

Тој додава дека есенскиот бран на вирусот „коси“ низ цела Европа и светот и дека никој не е поштеден.

„Молам да се сфати многу сериозно дека од секој еден од нас зависи како ќе го надминеме овој бран“, додава Филипче.

Испрати и апел до Собранието, и бара итно и по скратена постака да се донесат сите мерки и законски измени.

„Повикувам на максимална одговорност на секој поединец и почитување на сите мерки за заштита“, дециден е министерот за здравство, Венко Филипче.

Сподели.