Сашо Мијалков останува во притвор

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Тројцата судии на кривичниот совет не му ја прифатија жалбата на Сашо Мијалков да се брани од слобода за притворот во случајот „Империја“.

Мијалков останува во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, а на судење ќе го носи затворската полиција.

-Постапувајќи по жалба на одбраната на обвинетиот С.М. изјавена против  решение на судија на претходна постапка со кое се прифаќа предлогот на  Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои  произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување  мерка притвор во предметот од обвинителството означен како „Империја“,  кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на  вчерашниот ден, одржа јавна седница во присуство на странките. По произнезување на странките како и ценење на фактите и доказите во  жалбата, советот донесе решение со кое ја одби жалбата и го потврди  решението на судија на претходна постапка, на начин што определи мерката  притвор да продолжи да опстојува поради постоење на причините предвидени во член 165 ст.1 т.1 од ЗКП, соопштија од судот.

Сподели.