Самоубиствен бомбашки напад во Кабул

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Најмалку 18 лица загинаа, а 57 се ранети во самоубиствен бомбашки напад надвор од едукативен центар во главниот град на Авганистан, Кабул. Министерот за внатрешни работи Тарик Араин кажа дека експлозијата се случила во саботата попладне, на приватен имот, каде што се одржуваат курсеви за студенти од повисокото образование. Вообичаено во тој дел има стотици студенти. Сѐ уште не е познато кој стои зад нападот, бидејќи Талибанците ја негираа одговорноста.

Сподели.