Рустеми од СЈО денеска ќе даде исказ за случајот „Рекет“

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство денеска треба да даде исказ во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет”. Тој всушност требаше да сведочи вчера, но неговото сослушување беше одложено поради рочиштето за предметот „ТНТ”, каде Рустеми се јавува како застапник на обвинението.

Инаку, во обвинителството од почетокот на неделава веќе искази за случајот „Рекет” дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска, додека за утре на распит е повикана и шефицата на СЈО Катица Канева, чиј глас се слуша во разговорите меѓу Бојан Јовановски и Орце Камчев што ги објави Ла Верита.

Од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција единствено информираа дека согласно утврдениот план се преземаат истражни дејствија во насока на обезбедување на доказите и целосно расветлување на случајот „Рекет”, посочувајќи дека во тек е финансиска истрага во повеќе насоки и прибирање доказен материјал.

Сподели.