РУСИЈА ВО ОКТОМВРИ ЌЕ ПОЧНЕ СО МАСОВНО ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Русија се подготвува да започне со масовно вакцинирање против новиот коронавирус во октомври, изјави министерот за здравство Михаил Мурашко. Тој кажа дека завршиле клиничките тестирања на вакцината развиена од државниот истражувачки институт „Гамалеја“ во Москва и дека прво ќе ја примат здравствените работници и учителите.

„Планираме широко вакцинирање во октомври“, изјави Мурашко.

Оваа недела, извор за агенцијата „Ројтерс“ откри дека првата руска можна вакцина против ковид-19 ќе добие одобрение од локално регулаторно тело овој месец и потоа ќе им биде проследена на здравствените установи.

Во Русија денеска се потврдени 5.462 нови случаи на коронавирус и 95 починати, вкупно 14.058 досега.

Сподели.