Руди Гарсија нов тренер на Лион

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

ФК Лион објави дека потпишале договор на две години со францускиот стручњак Руди Гарсија. По лошите резултати на стартот на првенството Лион го отпушти Силвињо и се бараше нов тренер во паузата од француското првенство. Од неколку кандидати избран е Гарсија кој побарал само еден нов помошник во неговиот стручен штаб. Останатите кандидати инсистирале на комплетна промена на досегашните помошници.

Руди Гарсија во кариерата седел на клупата на Сент Етјен, Лил, Дижон, Марсеј и Рома. Со Лил ја има освоено дуплата круна во Франција,додека со Марсеј стигна до финалето на Лига Европа.

Сподели.