Роналдо е цар – ги отстапи своите хотели како болници за коронавирусот!

Google+ Pinterest LinkedIn Tumblr +

Кристијано Роналдо уште еднаш ја покажа својата човечност и големина и ги понуди своите хотели низ Португалија, кои ќе се трансформираат во болници против коронавирусот, кој ја зафаќа и татковината на познатиот фудбалер. Роналдо пред два дена во својот пост на социјалните мрежи повика на помош за општеството и веднаш конректно реагираше.

Не само што хотелите ќе му бидат на располагање на државата, ќе се затворат и ќе бидат сервис за пациентите заразени од ковид-19, туку и медицинскиот персонал кој ќе се грижи за болните ќе биде плаќан од Роналдо!

Нацијата се одушевува на потегот на Роналдо и порачува и другите познати личности од оваа земја да го следат неговиот пример. Фудбалерот на Јувентус се наоѓа во родниот остров Мадеира, каде што го минува карантинот кој е задолжителен за сите фудбалери на Јувентус, откако Даниеле Ругани беше позитивен на коронавирусот во вторникот навечер.

Сподели.